-->
-->
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-->
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имала кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кој, како што информираат од нејзиниот Кабинет, изразила поддршка на напорите за крај на војната.
Во разговорот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време.
Украинскиот претседател, се вели во соопштението, се заблагодарил за македонската поддршка и најавил одржување на Самит „Украина – Југоисточна Европа“ на лидерите на земјите од регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите