Сиљановска-Давкова во работна посета на Казахстан, денеска на средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан, денеска ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.
Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев.
Обраќања ќе имаат и претседателот на Република Руанда, Пол Кагаме, премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани; премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и актуелен претседател на Собранието и претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, Бан Ки-мун.
- Форумот што ќе се одржи на 29 и 30 мај на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници