Loading Video...
Македонија
30. May 2025 - 16:54

Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии

Се што прифатила Македонија, мора да исполни – бугарскиот парламент со апсолутно мнозинство изгласа Резолуција со која отфрлаат било какви обиди во рамките на европските институции за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на веќе постигнатите договори. По гласањето шефот на бугарската дипломатија вели дека ова е потврда дека нема план Б за Македонија.

„Европскиот воздржан дипломатски тон и однесување на Бугарија, во апсолутна контраст со понекогаш многу хистеричното однесување на другите земји, не треба да се мешаат со недостаток на активност. „Не само во последните денови, туку генерално, политиката на Бугарија во однос на евроинтеграциите на Западен Балкан и конкретно нашиот сосед Република Македонија е целосно стабилна и цврста.

Додека Бугарија брза пред гласањето во ЕП да ја наметне својата позиција, дел од македонските парламентарни партии почнуваат лобирање кај сестринските партии, по повикот на Мицкоски. Филипче на сопствена иницијатива побарал поддршка од европските партии, но прашува дали е тоа доволна гаранција за владата за деблокада на интеграциите....

И европските либерали најавуваат поддршка за Македонија при глсањето во ЕП. Претседателката на ЛДП Зајкова, веќе имала комуникација и вели дека важно е национлноот интерес да биде во фокусот.

Експертската јавност прогнозира дека Декларацијата ќе наиде на голем отпор. Иако не е обврзувачка добро е да постои како потврда за се што ни е оспорувано, вели Трошановски од Институт за демократија.

Следната недела европратениците треба да гласаат по Предлог- извештајот за Македонија по што ќе биде јасно дали ќе биде прифатено македонскиот јазик и идентитет да бидат потврдени и дел од истиот. Премиерот Мицкоски веќе испрати порака дека Македонија нема да ги помести ниту за милиметар своите позиции се додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата.