Отворен ден на штипските средни училишта
Во Дом на млади, штипските средни училишта ги презентираа струките и можностите кои им ги нудат на идните средношколци. Промените во образовните програми на училиштата се прават со цел задоволување на потребите и барањата на пазарот на трудот.
- Најчесто инжинерите, металопреработувачката индустрија се оние сектори кои се дефицитарни. Сите директори на средните училишта се самоиницијативни во насока на прилагодување на програмите, за да се задоволи потребата и на бизнис секторот, но и да се трасира патот на младите. Мораме да ги следиме глобалните трендови, глобалните промени, она што е дефицитарни и суфицитарно, за да овозможиме кадар кој ќе го развива нашиот град, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Новина во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ е воведувањето на профилот техничар за козметичка нега и убавина, кој припаѓа во групата на лични услуги.
- Предизвик е и најавата на Владата за конечно завршување на Клиничката болница во Штип, така што ние како училиште подготвуваме кадат за таму и се надеваме дека нашите ученици нема да ја напуштат државата и ќе останат и работат овде и дека вратите на здравствените институции ќе бидат отворени токму за нив, изјави Марија Николиќ, директорка на СОУ „ Јане Сандански“- Штип
Полуматурантите покажаа голем интерес за самиот настан.
- Овој настан е многу добар за нас, учениците од девето одделение, бидејќи можеме тие што не сме се одлучиле, да се одлучиме со што понатаму да продолжиме, изјави Илина Блажева, деветоодделенка од Штип
- Мене лично ме привлекува информатиката и ќе разледам што нуди СОУ „Коле Нехтенин“, изјави Тома Митев, деветоодделенец од Штип
Во Штип постојат 5 средни училишта, гимназија, за електро-машинско, медицинско, текстилно и музичко образование.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар