Македонија
1. јуни 2025 - 16:43

Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани

Поголем број од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се прегледани и одат на соодветно лекување, односно на физикална терапија. Уште неколку пациенти остануваат за преглед, информира директорката на Универзитетската клиника за реконструктивна и пластична хирургија, при посетата на кочанската болница.

Пациентите кои одат на терапија имаат подобрување, но претстои еден подолг период на психо-физичка рехабилитација, за што мора да имаат поддршка и од семејствата и од целото општество.

- Во Кочани ние веќе еднаш неделно е доволно да доаѓаме, чисто да ги видиме како напредуваат зараснувањата, односно, лузните нивни или пак, дали се формира или не се формира некоја лузна, дали треба некој екстра третман, дали е потребен PRP или стероидни инекции што се ставаат за намалување налузните. Значи има и други начини како понатаму ќе се лекуваат. Второ, гледам дека пациентите од физикална напреедуваат во нивните движења, многу се подобри. Некои за една недела или кратко што биле овде, веќе имаат драстично подобрување на нивната функција изјави Јасмина Ѓорѓиевска- Павловска, директорка на Универзитетска клиника за реконструктивна и пластична хирургија

Во општа болница Кочани доаѓаат лекари и од Штип и Скопје, кои помагаат на пацинетите при нивните терапии со цел да не мора тие да патуваат. Процесот на лекување е долг и мора да се следи постојано за да резултатите бидат задоволителни.