Силјановска Давкова: Талат Џафери вчера се однесуваше како командант, интерпелацијата е за континуираното недолично однесување
Не е прв пат да сме затворени, вели универзитетската професорка и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител по вчерашниот настан во Собранието кога беа затворени во собраниската сала од страна на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери и додаде дека во салата во тој момент биле присутни само пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина од СДСМ, но не и пратениците од ДУИ.
Интерпелацијата не е само за вчерашното однесување, туку за континуираното однесување на Џафери. Впрочем, ова не е прва интерпеалција и никој не ни верува кога ќе кажеме дека сме поднеле интерпелација и дека завршила во неговата фиока. Не ми е јасен одговорот на кабинетот и нема што кабинетот да комуницира со нас, јасно беше дека вчера претседателот се однесуваше како командант, кажа Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека ова не е прв пат да се поднесе интерпелација од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ но, како што рече никој не знае каде завршиле овие интерпелации.
Никој не знае каде завршиле интерпелациите, рече Силјановска Давкова.
Во однос на свикување на комисијата од страна на претседателот на комисијата Панчо Минов на која треба да се утврди повреда на Етичкиот кодекс од Џафери, Силјановска Давкова потенцираше дека наместо да се свика веднаш комисија се обидуваат да се заташка целиот случај и не верува дека воопшто ќе биде процесуирано, бидејќи како што нагласи работат во парламент кој што не е школа на демократијата.
Наместо веднаш да биде закажана веднаш комисијата од страна на Панчо Минов и таму нешто се случува. Се разбира дека тоа е природниот пат, зошто, бидејќи ќе се види дека она што го тврдам јас дека работиме во парламент кој што не е школа на демократијата и затоа не верувам дека и ова ќе биде процесиурано, изјави таа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-   
          

Одбојкарките на Младост УГД ја забележаа третата победа, Работнички Скопје без проблеми против Вардар ЕМ
 -   
          

Најстудено во Берово, најтопло во Маврови Анови и Виница
 -   
          

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица
 -   
          

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан
 -   
          

ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат
 -   
          

Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
 -   
          

Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025
 -   
          

Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани
 
