Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025

Меѓународните набљудувачи на изборите од ОБСЕ - Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2025.
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик шеф на Мисијата.
Меѓународните набљудувачи во прелиминарните наоди и заклучоци по првиот круг наведоа дека локалните избори одржани на 19 октомври биле конкурентни и на гласачите им овозможиле вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но биле засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација.
Според Набљудувачката мисија, изборите во првиот круг се одвивале во атмосфера на разочараност од политиката и широко распространети перцепции за корупција.
Шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Матео Мекачи на прес-конференцијата на 20 октомври посочи дека иако изборната администрација генерално ги спровела подготовките ефикасно и во согласност со законските рокови, празнините во законодавството, застарената инфраструктура и ограничените ресурси негативно влијаеле врз нејзината работа.
– Беше добро да се види конкурентна кампања во изминатите недели и добро организиран, претежно мирен изборен ден, но и натаму остануваат загрижувачки недостатоците во изборното законодавство кои го поткопуваат работењето на институциите, рече тогаш Мекачи.
Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент.
За вториот круг на локалните избори, според податоците на ДИК, акредитирани беа 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари. Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи на Локалните избори 2025 има акредитирано ОДИХР - Канцеларија за демократски институции и човекови права - 500.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
-

Шестмина починале во САД по консумирање готова тестенина
-

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки
-

Уапсен возачот кој усмрти велопедист кај мостот Гоце Делчев
-

Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
-

Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-

Пронајдена граната од Првата светска војна во с.Отешево
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
