Доминација на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори: 55 градоначалници со се и тој на Скопје
Со мапа на Македонија обоена во партиската црвена боја, ден по гласањето владејчката ВМРО-ДПМНЕ ја прикажа својата доминација на локалните избори.
„Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81. Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати“
Но, пораките на Мисјаловски се само смуирано на она што синоќа се случуваше во и пред седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ. Доминатната изборна победа беше јасна по само час и половина од затворањето на кутиите. Невобичаено рано, лидерот Мицкоски ја прогласи победата. Иако подаде рака за соработка дури и со опозцијата сепак, испрати порака до СДСМ дека мора да се реформираат. Порака ситгна и до коалициската Влен - секој кој работи чисти етнички, а не обединувачки ќе замине од фотелјата.
Помалата излезност го натера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да вети повеќе работа коментирајќи дека тие што се уште не биле убедени на збор, ќе ги уверува со дела.
По победничкиот говор Мицкоски замина да слави со новите градоначланици на Брвеница и Кичево, според него најголемите победи во овој втор круг.
По изборната победа, рано наутро, Мицкоски заедно со потпретседателот Муцунски замина на пат во европската престолнина.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
