ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Скопје и 54 општини, ВРЕДИ со 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а во една независен кандидат

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 4, а Движење ЗНАМ и Унијата на Ромите по еден градоначалник. Една општина ќе ја води независен кандидат.
Според првичните резултати на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ, вчера на вториот круг од изборите, освен во Скопје со Орце Ѓорѓиевски победи и во општините: Аеродром Дејан Митески, Брвеница Јован Илиевски, Валандово Ѓоко Камчев, Виница Митко Костадиновски, Дебарца Златко Силјаноски, Демир Капија Наталија Димитриева, Дојран ИлијаТентов, Карпош Сотир Лукровски, Кичево Александар Јовановски, Конче Златко Ристов, Кочани Владко Грозданов, Крушево, Нико Чонески, Лозово, Бошко Цветковски, Македонски Брод Жарко Ристески, Могила Драганчо Саботковски, Неготино Марија Нацева, Пробиштип Тони Тоневски, Ранковце Даниел Павловски, Росоман, Ѓорѓи Крстевски, Чешиново Облешево Јорданчо Костадинов, Чучер Сандево Зоран Бајовски.
Коалицијата Вреди, пак, во вториот круг доби четворица градоначалници: во Боговиње Фети Абази, Дебар Фесник Мела, Долнени Блерим Ислјами и во Тетово Биљаљ Касами, а СДСМ тројца: во Зрновци Влатко Митев, Македонска Каменица Соња Стаменкова и во Центар Горан Герасимовски. Нов градоначалник во вториот круг има и Струга - независниот кандидат Менди Ќура, поддржан и од коалицијата „Вреди“, а по еден освоија и Унијата на Ромите со Курто Дудуш во Шуто Оризари, Движењето ЗНАМ за наша Македонија во Куманово, каде Максим Димитриевски доби уште еден мандат, како и НАИ во Студеничани Елми Абази.
Во првиот изборен круг на 19 октомври ВМРО-ДПМНе освои 33 градоналнички места (Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчан, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Градско, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и во Штип), Вреди пет (Чаир, Арачиново, Желино, Сарај и Теарце), а по три СДСМ (Кривогаштани, Крива Паланка и Богданици) и НАИ (Липково, Пласница и Чашка).
Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.
Ова се осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
На Локалните избори 2025 учествуваа вкупно 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
МИА
Ново на Сител
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
-

Кина ги негира тврдењата на Трамп за нуклеарните тестови
-

Кривична за 49-годишен тетовец, преку социјални мрежи упатувал закани кон новинарка
-

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
-

Усмртен велосипедист на мостот „Гоце Делчев“
-

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
-

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
