Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи нов биланс на жртви.
- Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е привремен биланс.
Земјотресот се случи синоќа околу 20:30 часот по средноевропско време во Холм, во провинцијата Саманган, во близина на градот Мазар-е-Шариф, на длабочина од 28 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Сината џамија во Мазар-е-Шариф од 15 век е оштетена во земјотресот, јавија локални медиуми. Камења се откинале од импозантната зграда, украсена со блескави плочки, особено од минарињата.
Потресот се почувствувал во текот на ноќта сѐ до Кабул.
Авганистан често е погоден од земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, близу спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча.
МИА
Ново на Сител
-

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
-

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
-

Костадин Ацевски поднесе оставка во СДСМ, го повика Филипче и целото раководство да го стори истото
-

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
-

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
-

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници
-

Трамп: Орбан побара ослободување од санкциите за руската нафта, но Вашингтон го одби
