Трамп: Орбан побара ослободување од санкциите за руската нафта, но Вашингтон го одби

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави пред новинарите во авионот „Ер форс уан“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал исклучок од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор, но дека САД го одбиле барањето.
- Тој побара исклучок. Ние не му го дадовме, рече Трамп, додавајќи дека Орбан е негов пријател. Интересно е што американскиот претседател во изјавата го нарече Орбан „претседател“, а не премиер.
Трамп објасни дека одлуката е донесена врз основа на економски и безбедносни причини и дека ниту една земја не добила исклучок од санкциите. Минатата недела САД објавија нов пакет казнени мерки против руските енергетски компании „Лукоил“ и „Роснефт“.
Според „Киев индепендент“, санкциите може да се однесуваат и на земји и компании кои продолжуваат да соработуваат со двете фирми, меѓу нив купувачи од Индија, Кина и делови од Централна Европа.
Во интервју за државното радио „Кошут“, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја е во „ранлива позиција“ поради географската положба, бидејќи во голема мера зависи од копнените енергетски коридори и нема пристап до морски алтернативи, пренесе „Блик“.
Орбан нагласи дека оваа „специјална ситуација“ мора да им се објасни на Американците доколку Унгарија сака да побара исклучок од санкциите. Тој потсети дека додека повеќето земји од ЕУ постепено го намалија увозот на руски фосилни горива, Унгарија и Словачка сè уште добиваат руска сурова нафта преку нафтовод.
Во последниот период, Будимпешта дури ја зголеми количината на руска нафта во својот енергетски микс, тврдејќи дека нагло прекинување на увозот би можело да предизвика економска криза, пренесува Дејли Њуз Хангари.
И покрај личното барање на Орбан, САД решија да не ја изземат Унгарија од новите санкции, отфрлајќи ги аргументите за енергетска зависност и економска ранливост.
По одлуката, американскиот амбасадор во НАТО, Мет Витакер, изјави дека Унгарија, Турција и Словачка мора веднаш да преземат чекори за намалување на својата зависност од руските енергетски извори.
Виктор Орбан е најавен да го посети претседателот Трамп на 7 ноември, придружуван од повеќе министри и високи економски и безбедносни функционери. Посетата има за цел сеопфатен преглед на американско-унгарските односи и подготовка на нов пакет за економска соработка и инвестиции.
Орбан повеќепати изјави дека намалувањето на зависноста од руската енергија е „исклучително скап и ризичен процес што Западот ѝ го наметнува на Унгарија“.
Според аналитичарите, одбивањето на Вашингтон има и економска и политичка тежина, бидејќи покажува дека САД нема да прават исклучоци ни за сојузници кои сè уште зависат од руската енергија.
МИА
Ново на Сител
-   
          

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија
 -   
          

Ужас во Скопје: 46-годишник си ја силувал својата малолетна ќерка
 -   
          

Кривична за две лица, со злоупотреба на лични податоци аплицирале за седум брзи кредити
 -   
          

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
 -   
          

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари
 -   
          

Енрике пред дербито со Баерн: Тешко ни е да победиме на два, три или четири натпревари по ред
 -   
          

Барселона за Халанд го нуди Олмо плус пари
 -   
          

Сабаленка и Кирјос ќе имаат „Битка на половите“ во декември
 
