Шпанскиот Уставен суд го запре формирањето Министерство за надворешни работи на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија како дозволиво го прифати барањето на централната Влада во Мадрид, со кое се бара формирањето на Министерство за надворешни работи на автономната област Каталонија да се се прогласи за незаконско, пренесе ТАСС.
Оваа одлука на судот автоматски значи запирање на активностите на Министерството за надворешни работи на автономната област до разгледување на барањето на Владата.
Претходно Владата на кралството поднесе барање до Уставниот суд во однос на одлуката на властите во Каталонија за формирање на редица институции, вклучувајќи го и Министерството за надворешни работи. Тогаш раководството на автономната област соопшти дека сите чекори на каталонската Влада се координирани според Уставот на провинцијата.
На 9 ноември минатата година, Парламентот на Каталонија ја одобри резолуцијата за нејзината независност, што беше претставена како „почеток на процесот на создавање независна држава Каталонија како република“. Во документот се забележуваше дека процесот на стекнување независност „нема да се потчинува на одлуките на шпанските инстанци, вклучувајќи го и Уставниот суд“, што на овој начин би ја загубил легитимноста. По ова Уставниот суд на Шпанија оваа резолуција ја прогласи за незаконска.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
