Шилегов: Изработена е целокупното идејно решение и е дадено на експертите на ЕБРД
Во однос на проектот БРТ (Бас рапид транзит) за современ транспорт во Скопје, очекува околу нова година да почнат градежните работи, а првата фаза, од Ново Лисиче до гаража Ѓорче Петров, да заврши во 2023, доколку се одвива според планот.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на гостувањето во Дневникот на Сител рече втората фаза очекува да биде завршена во 2024-2025, но ќе биде многу покомплексна поради сериозни интервенции во инфраструктурата.
– Изработена е целокупното идејно решение и е дадено на експертите на ЕБРД. Очекувам за еден месец да дадат позитивно мислење и тоа да биде основата за да ја спроведеме тендерската постапка. До крајот на јуни би требало да го распишеме тендерот за имплементација, а откако ќе помине тендерот, мислам дека околу нова година ќе ги видиме првите градежни работи, рече градоначалникот на Скопје, додавајќи дека ЕБРД го поддржала како најзелен проект меѓу стотина „зелени“ градови во Европа.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
