-->
-->
Шест тима на АРМ беа ангажирани во Стајковци, се евакуираа луѓе од поплавените куќи во Сингелиќ
-->
Шест тима на Армијата на Република Македонија беа ангажирани во Стајковци каде пружаа помош во санирање на псоледиците од поплавите кои попладнево го зафатија скопскиот регион, дознава КУРИР.
-Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора преку Булачани дојде огромна количина на вода и избиена е целата во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково. Тука се и од војската и полицијата, противпожарната единица приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме се што се може. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот, изјави градоначалникот Коце Трајановски кој вечерва беше во Ченто.
Според информациите, хеликоптер е во приправност да дејствува од 05:30 часот изутрина по видно време. Тим за извидување се наоѓа на правецот кон Шипковица за помош во наредниот период.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е моментално во скопско Сингелиќ, каде има багери и градежна механизација. На терен се единици на Единица за брзо распоредување и на АРМ. Се евакуираат луѓе од поплавените куќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
-
Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје
-
Оваа недела се очекуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа