Македонија
23. September 2024 - 16:35

Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Скопје

Скопјани имаа немирна ноќ, земјотрес со јачина од 3,4 степени ги разбуди во 2часот по полноќ. Епицентарот беше во главниот град а го почувстуваа и во Велес. Од сеизмолошката опсерваторија велат станува збор за земјотрес со послаб интезитет и на него следеле уште неколку помали потреси. По овој потрес нема  пријави за настанати штети во ЦУК.

Граѓаните треба да останат мирни и доколку земјотресот е силен да почекаат да заврши па потоа да го напуштат објектот во кој се наоѓаат. Брошура со корисни совети содржи подготвителни активности кои треба граѓаните да ги направат за да спречат поголема штета.

Во сечиј дом треба да се лоцираат безбедните места каде би се засолниле во случај на земјотрес и кои се основните работи кои треба секој да ги има со себе. За време на потресот безбедно да се покриете под маса или пак доколку се затекнете надвор да се тргнете понастрана од објекти, високи дрвја, по земјотресите граѓаните да бидат внимателни од можна појава на пожари и поплави.