ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите
Во СДСМ повикот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа очаен маневар но не дадоа одговор дали ќе дадат поддршка за деблокадата на законот за бранители кои самите го поднесоа неколку месеци откако отидоа во опозиција
Велат, Меџити сам признал дека имал договор со ВМРО-ДПМНЕ законот за бранителите да остане заглавен
„Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува собранискиот деловник.
Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието.- се вели во соопштението на СДСМ
Со став се јави и пратеничката Илире Даути која го држи Законот за бранителите блокиран. Таа лично мислела дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да бара деблокада на овој закон бидејќи тие претходно го блокирале Собранието. Додека законот не ги опфати војниците на ОНА преку мене нема да помине, вели Даути за Сител.
И додека се чисти патот за новото законско решение со или без Даути, балансерот останува уште една тема на која албанските политички партии мерат мускули.
Меџити вчера во интервју за Радио Слободна Европа рече дека на ниво на Влада постои усогласеност за нов Закон за правична застапеност кој треба да го замени Балансерот. Вчера стигна експресен демант од министерот за администрација Минчев а денеска од владејчката ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека Меџити, веројатно се збунил
„Веројатно Изет Меџити мислел на Комисијата за правична застапеност кога во интервјуто говорел за Законот за правична застапеност. Комисијата е веќе формирана и таа треба да ја запазува правичната застапеност во институциите“ велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека останува фактот дека балансерот не ги даде потребните резултати
Во Мала Речица по 3 месеци поминати во опозиција почнаа јасно да ги гледаат како што велат силите кои имаат за цел да ги оштетат интересите на Албанците. Во пресрет на одлуката на Уставен за балансерот но и за двојазичноста, Лидерот на ДУИ вели нема назад
Меѓуетничките теми доминираат во Македонија откако ДУИ и СДСМ заминаа во опозиција. СДСМ по 7 години поминати на власт законот за бранителите го поднесе од опозициските клупи а Уставниот суд во рок од неколку месеци реши да носи одлуки и за балансерот и за двојазичноста иницијативи кои со години стојат во нивната архива.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар