Фудбал
23. September 2024 - 8:06

Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го постигна својот 100-ти гол за „Граѓаните“. Норвежанецот погоди денес против Арсенал во натпреварот од 5. коло на Премиер лигата.

Напаѓачот ја игра својата трета сезона и 105. натпревар за англискиот клуб. Има и 14 асистенции.

Вкупно, Халанд постигна 235 гола на 288 натпревари. 

За норвешката репрезентација одигра и 35 натпревари и постигна 32 гола.