Македонија
23. September 2024 - 16:45

Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче

Заеднички евроинтеграции и положбата на Албанците во Македонија клучни теми на првата официјхална средба помеѓу собранискиот спикер Гаши и претседателката на албанското Собрание Елиса Спиропали.  За подобри заеднички односи, двата сообрнаиски претседатели ја истакнале потребата од склучување и на договор за добрососедство меѓу Македонија и Албанија.

Но, додека за Гаши клучни во заедничкиот евроинтегративниот пат ја нагласи меѓусебната соработка на државите, Спиропaли акцентот го стави на  пораки за тоа како Македонија треба да се грижи за Албанците бидејки се работело за ист народ во три држави.

„Овој национален и човечки фактор, распространет на три држави и три републики, во Косово, Северна Македонија и Албанија, со три различни знамиња и симболи, истовремено го прифаќа симболот на обединетата Европа и нејзиното знаме. …Во овој дух и во оваа филозофија, сигурна сум дека правичната и пропорционалната застапеност на Албанците во институциите на земјата, заснована и на оваа геополитичка реалност на регионот и во взаемниот интерес, ќе продолжи согласно современите демократски стандарди на мултиетничкото општество....Исто како што сме заинтересирани, очекуваме со доверба и надеж дека Законот за јазиците ќе биде целосно имплементиран. Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет на кој му пристапуваме во овој голем свет, во регионот и пошироко, како наша вредност“

За меѓуетничките односи Спиропalи разговарала и на средба со Ахмети.

„На г-ѓа Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање. Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“,стои во соопштението на Ахмети по средбата.

Албанската државничка се сретна и со лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче. Како што соопштуваат до СДСМ било разговарано за евроинтеграцискиот пат на двете држави.  Филипче се пожалил за тоа како новата власт се однесува по ова прашање.

„Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата“, рекол Филипче на средбата.

Иако во изјавата по средбата со Гаши, Спиропaли ја поздрави смената на власта по изборите, таа сепак, немапе средба со најголемата пратеничка група во Собранието – ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Спиропали доаѓа од Социјалистичката партија на Рама, сестринска партија на ДУИ и СДСМ.