Села: На добар пат сме да победиме секаде каде настапуваме со заеднички кандидати

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска истакна дека опозицијата во државата е на добар пат да оствари позитивни резултати насекаде каде настапува со заеднички кандидати.
Села од Охрид каде имаше работна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ е добра.
По однос очекувањата од престојните избори Села истакна дека независно што се работи за составот на идната локална власт во општините нивната важност произлегува оттаму што токму од резултатите на овие избори ќе произлезат услови за промени на централно ниво.
– Од исходот на Локалните избори ќе произлезат важни работи на централно ниво. Оваа наша соработка има за цел спречување на продолжениот раст на стапката на корупција. За жал стануваме најкорумпирана држава во регионот, па и во светски размери. Затоа треба да смогнеме сили да соработуваме за да ја промениме оваа власт која дојде со многу ветувања, а од друга страна, за жал, не успеа ништо да реализира од ветувањата, рече Села.
Ново на Сител
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
-

Андоновска: СДС да се дистанцирта од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција
