Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
Болни со куп медицински белешки одат на преглед од една во друга клиника, за хируршки интервенции има листи на лекање а специјалисти ги немаат сите податоци за пациентите.
Ова е реалната состојба во македонскиот здравствен систем кој може да стане ефикасен со целосна дигитализација.
Следењето на светките трендови и дигиталната трансформација според министерот за здравство ќе значи дека податоците ќе го следат пациентот а не обратно.
-Една добра база за дигитална трансформација на здравствениот систем веќе постои само треба да се дополни со други компоненти. Да имаме здравствен систем каде секој од нас папката за здравствената картичка ќе ја има на телефон, а не да трчаме со папки со документи и кеси се сеќавате како нашите родители одеа и чекаа пред лекар, вели Азир Алиу, министер за здравство.
Примената на вештачката интелегенција, пак, ќе овозможи анализа на голем број на медицински податоци, навремено откривање на ризици и препораки за превентивни мерки. Засега, здравствените работници не стравуваат дека ќе ги замени нивните работни места туку дека ќе им помогне во подобар третман на болните.
-Тие се алатки што подигнуваат интеракција меѓу здравствениот систем и пациентите и целта на тие алатки не е дасе менува лекар со машина или алгоритам, туку да бидат алатки што ќе помагаат и ќе носат здравствени услуги во реално време, прецизни и достапни од секоја точка, вели Алиу
-Идејата на медицината е да преку користењето на вештачката интелегенција се намалат и грешките на лекарите меѓу другото и да се направи подобрување во имплементација на дијагностички процедури и терапавтски протоколи. Така да, сум за тоа меѓутоа со голема доза на внимание и употреба на сите овие алгоритми, вели Александар Манолев од Комора на приватно здравство.
Пред да настанат дигиталните промени во здравствениот систем, надлежните најавија дека следниот период ќе објават со колкав и каков кадар располага македонското здравство.
Овие промени и следење на светските трендови беа дел од дискусиите на саемот за медицина во оерганизација на комората за приватно здравство.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
