Македонија
8. November 2025 - 16:32

Акција за почисто Скопје во полн ек

Акцијата за почисто Скопје е во полн ек. Ѓорѓиевски и надлежните служби имаат рок до утревечер да го реализираат предизборното ветување за уреден и чист град. 

Екипите на терен работат со забрзано темпо, а јавноста будно следи – дали оваа акција ќе донесе вистински резултати?

Сепак, дел од граѓаните се длабоко разочарани бидејќи долги месеци беше оставено отпадот да се трупа околу и во контејнерите.

Од денешната сителова обилколка низ метрополата забележавме дека службите се на терен. Со багери и специјализирани возила се собираше ѓубрето од и во контејнерите.

Дел од контејнерите низ главните булевари беа чисти.  Покрај други пак, не се минуваше поради страшната смрдеа која произлегуваше од отпадот.

Ултиматумот кој Ѓорѓиевски сам си го постави - чист град за 72 часа истекува утревечер, во 20.30 часот.