Седница на Анкетната за прислушувањето за деловникот за работа
Анкетната комисија за прислушувањето денеска треба да ја продолжи првата седница, која пред два дена беше прекината откако пратениците од владејачките партии побараа координација за усогласување на деловникот за работа.
Се очекува членовите на Анкетната комисија денеска да го изгласаат деловникот за работа, што е и единствена точка на дневен ред на оваа седница.
За првичниот текст на Предлог-деловникот, што претседателот на Комисијата Петре Шилегов го достави до пратениците, на седницата во вторникот беа изнесени низа забелешки по што беше побарано дополнително време за негово усогласување.
Анкетната комисија за прислушувањето е формирана согласно договорот од Пржино. Поддржана е од четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои учествуваат во разговорите за излез од политичката криза, а со одлука на Собранието ја сочинуваат 16 члена.
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз