Македонија
8. May 2025 - 12:17
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
Државниот обвинител Љупчо Коцевски, уверува дека до средината на идниот месец ќе се знае колкумина обвинети ќе одговараат за пожарот во кочанската дискотека.
Вели дека интензивно се сослушуваат осомничени и сведоци, а во исто време се работат и вештачења од кои ќе биде познато дали со обвинението ќе бидат опфатени и други лица.
Коцевски уверува дека истрата се води неселективно во однос на полициските службеници и како што вели, можно е проширување на истрагата и кон други лица.
-->
-->