Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
Европското движење Северна Македонија денеска во Собранието ја организираат Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) и Втората пленарна конференција во рамки на проектот „Нека правдата владее со регионот“.
Како што информираат од Европското движење, станува збор за настан кој ги обединува регионалните граѓански инцијативи во доменот на владеење на правото.
Посочуваат дека идејата да се организираат заеднички регионални настани значително зајакна со новите инцијативи на Европската унија за Западен Балкан, особено Планот за раст.
Оваа граѓанска инцијатива, како што велат, ќе овозможи споделување на регионалните практики за витални прашања од Кластер – 1 и преку нивно пренесување во националните средини ќе се влијае на подобрувањето на пристапниот амбиент, потенцирајќи го значењето на реформските процеси.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Република Северна Македонија, Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за европски прашања, Венко Филипче, претседател на Националниот совет за европска интеграција, Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и регионални прашања на Западен Балкан и Узлем Џанел, амбасадорка на Кралството Холандија во Северна Македонија.
Панелисти на првиот панел „Предизвиците на владеењето на правото на Западен Балкан: нови хоризонти за старите прашања“ ќе бидат Томаш Стражај, директор на словачката Асоцијација за надворешна политика, Александар Велјановски, претседател на Законодавно-правната комисија, Радица Лазаревска Геровска, државен советник за извршување, нотаријат и медијација во Министерство за правда, Ленче Ристоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и контакт за Република Северна Македонија во Евроџаст, Бојана Селаковиќ, национален координатор на Национална конвенција за Европска Унија во Република Србија, Оља Ристова, судија во Основен кривичен суд Скопје, Дарко Аврамовски од Граѓанско здружение „Сите за правично судење“ во Скопје и експерт од Албанија.
На вториот панел „Управување со новите иницијативи на ЕУ за Западен Балкан: клучни реформи за иднина без корупција“ ќе се обратат Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Викторија Трајков, заменик министер за европска интеграција, Драган Тевдовски, експерт на НКЕУ-МК и професор на Економски факултет – Скопје; Одд Берне Малме, виш советник во Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал, Ненад Савески, судија во Основен кривичен суд при Оддел за борба против организиран криминал и корупција, Елда Зотај, доцент на Универзитет Александар Моисиу во Драч, Албанија и експерт од Србија.
Во текот на 2024 година, НКЕУ-МК организираше десет работни сесии, од кои седум беа посветени на преговарачките поглавја од Кластер 1 – Фундаментални вредности, со што вкупниот број на одржани сесии достигна 62.
На овие сесии учествуваа над 2,000 претставници од институции, граѓански организации, академската заедница, судии, обвинители и други засегнати страни при што беа усвоени повеќе од 600 препораки.
Дополнително, активности беа спроведени и во рамките на Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој и Поглавје 27 – Животна средина, кои значително придонесоа за добивање поцелосна слика за ЕУ-интегративниот процес, со посебен акцент на примената и промоцијата на европските стандарди.
НКЕУ-МК која е поддржана од Делегацијата на Европската Унија и од СловакАид долго време развива соработка со Националниот конвент на Србија и Европското движење на Албанија, кое исто така е организатор на Национална конвенција за ЕУ.
Проектот „Нека правдата владее со регионот“ поддржан од Кралството Холандија (МАТРА), овозможи регуларни експертски средби што значително влијаеше на размена на искуства и знаење од доменот на Кластер 1 – Фундаментални вредности.
НКЕУ-МК ја промовира експертизата и аргументираните решенија преку дијалог и консензус.
Нејзината успешна методологија се базира на отвореност кон различни политички идеи и култура на меѓусебна почит меѓу учесниците.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница