Се зголемува излезеноста во Дебар и Центар Жупа
Изјаснувањето на граѓаните во општините Дебар и Центар Жупа на референдумот се одвива непречено, без никакви проблеми и споредено со првите утрински часови излезеноста пополека се зголемува.
- Од вкупно запишаните 18.318 граѓани со право на глас, до 11 часот гласале 865 или околу 5 отсто. Во сите 27 избирачки места, кои беа отворени точно на време, во седум часот, гласањето се одвива непречено. По некое непишано правило, вообичаено, поголема излезеност очекуваме посебно во попладневните часови, изјави Елмира Бакали, претседателка на ОИК - Дебар.
Референдумското изјаснување, кое почна во седум часот, без никакви проблеми се одвива и во општина Центар Жупа, потврди претседателот на ОИК Еран Зубер.
Според Зубер, во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.686 гласачи. Своето граѓанско право до 11 часот го оствариле 402 лица или 6 отсто од вкупниот број гласачи. Се гласа на 16 избирачки места.
Ново на Сител
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на уставен за Медресата во Кондово
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални