СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
СДСМ не го исклучува Таравари како можен албански партнер за време на локалните избори во мултиетничките општини каде што тој има влијание и може да донесе глас - плус, но истовремено партијата на Филипче ќе треба да и помогне на Алијанса во општините каде што ќе настапува самостојно.
Ова, како што велат партиски извори е можно особено поради заладените односи на СДСМ со ДУИ.
Официјално од СДСМ велат дека лидерот ја добил довербата за преговори за локалните избори без да откријат со кого Филипче треба да седне на маса.
Но, самиот Филипче минатата недела потврди дека освен традиционалните коалициски партнери за локални избори ќе бара и албански партнер, а меѓу нив може да се вброи и Таравари ако тој е надвор од Вреди.
Меџити, Касами и Ибрахими завчера ја почнаа процедурата за Вреди како партија со што Алијанса останува без досегашните партнери и најави самостоен настап за локалните избори. Таравари вчера им честиташе на Вреди, но го чека состанокот со премиерот Мицкоски за тоа дали ќе треба да ја напушти и Владата по ваквиот чекор.
Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак, се уште најголем дел од критиките ги упатува кон лидерот на СДСМ обвинувајќи дека Филипче е се уште многу блозок со Заев.
-Заев тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти. Дали и Венко Филипче го мисли истото, со оглед на тоа дека кажа дека народот треба да учи од Зоран Заев и дека нема друг како него. Заев ги опустоши Македонските национални интереси, и како кловн кој ги засмејуваше регионалните политичари. Дали Венко Филипче се гордее и со тоа? Добро е што народот знае со сигурност дека Венко Филипче е втор Зоран Заев. И што може да очекува.
И власта и опозицијата најавија дека позициите за локалните избори, заедно со најголем дел од кандидатите за градончланици ќе ги објават до крајаот на месецот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар