Македонија
1. May 2025 - 18:06

Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје

Пожар денеска избувнал во барака на улицата „Самоилова“ број 30 во Скопје.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот бил пријавен преку бројот за итни повици 112.

-На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), кои ги преземаат сите потребни мерки за гаснење на пожарот, соопшти ЦУК.