Македонија
16. February 2017 - 8:34

Се враќа снегот: УХМР со лоши вести за времето

Времето во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. На повеќе места максималната температурата ќе надмине 10, а на југ ќе достигнува и до 14 степени.

Од петок ќе се зголеми облачноста, а за време на викендот и во понеделник ќе има услови понекаде по котлините за појава на утринска магла и ќе има повремени врнежи од дожд, почести во недела. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник врнежите ќе завршуваат до крајот на денот кога понекаде и на повисоките места на запад може да се појави слаб снег.