Се судрија два мотори на автопатот Велес-Гевгелија, констатирана смрт кај двајцата возачи
На 24.04.2020 година околу 13,20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „ сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од с.Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки , управуван од Ј.Ј. (22) од с.Добрејци-Струмица.
Притоа констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната левасообраќајна лента.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на лице место и констатирана е смрт кај двајцата возачи. Увид на лице место извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува