Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
Бугарските барања се обид да се создаде нова македонска нација која користи нов македонски јазик кој почива на бугарски корени, а не внесување на Бугарите во Уставот- вели премиерот Мицкоски по последните пораки од Софија дека со нив нема репреговарање и договорот мора да се исполни.Обвини дека екс министерот Османи го знаел ваквото сценарио и стави нож во македонскиот идентитет со преговарачката рамка.
Им порача на бугарските политичари дека нивното однесување е несмасна дипломатија. Ако повторно биде одложено гласањето за Извештајот за Македонија во ЕП ќе се потврди негацијата на македонскиот идентитет.
По последните пораки од официјална Софија и обвинувањата за македонски тајни лобирања во европските институции, нема ниту потврда за средба меѓу македонската и бугарската делегација на Самитот на НАТО. Мицкоски најави и разговор со претседателот на Европскиот Совет Кошта, како иницијатор на таква средба која Македонија ја прифати, но одговор се чека од Бугарија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар