Македонија
11. јуни 2025 - 16:46

Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола

За собирањата на полициски службеници на партиски состаноци, внатрешната контрола води постапка вели директорот на Бирото за јавна безбедност. За Кочани пак, зошто активни полициски службеници не се опфатени во истрагата, вели не сака да се меша во истрагата, но се што е побарано од нив, дури и она што не е побарано е доставено до обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.