Живот
19. August 2016 - 20:31

Се породила мртва пијана: Докторите се шокирале кога го прегледале бебето!

32-годишна жена од Полска минатата недела се породила во својот дом. Таа била пијана и не повикала доктори иако детето било предвреме родено. 
 
Соседите слушнале плач од бебе и повикале Брза помош која веднаш ги пренела мајката и бебето во болница.
 
Во крвта на мајката докторите измериле 3,5 промили алкохол, а во крвта на бебето цели 1,7 промили, пренесува Бета.
 
Откако се отрезнила, мајката ја напуштила болницата и оттогаш обвинителството не може да ја најде ниту неа ниту пак таткото на детето.
 
За кривично дело, изложување дете на опасност на мајката и се заканува казна од пет години затвор, - изјавил за локалните медиуми портпаролот на обвинителството Марцин Кубиак.
 
На истата жена, поради запоставување и злоупотреба и биле одземени две деца, едното сега има 11 години, а другото две.