-->
-->
СДСМ: Мицкоски слугува на туѓи интереси и застана против интересите на граѓаните и државата
-->
Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси кои не сакаат нашата земја да стане дел од ЕУ и НАТО, кои се против напредокот и интеграцијата.Затоа Мицкоски е фрустриран и не може да се помири што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО.
Уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните.
Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите лажни вести, манипулации, покрај сета нивна деструктивностн, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.
Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
