СДСМ: И на овие избори ќе има коносители

Завршува внатрепартиската постапка во СДСМ и со коалициските псртнери за утврдување на прстеничките листи, велат од партијата на Ковачевски. Она што е сигурно е дека и на овие избори СДСМ ќе оди со коносители.
- При крај е внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери и за многу скоро ќе излеземе со целосните листи состсвени од квалитетно кадри. Во однос на носителите кои ги објави ВМРО ДПМНЕ се покажа уште еднаш дека тоа сд старитњ кадровски решенија кои ја носат државата во изолација - коментираше Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.
Неофицијално во СДСМ веќе се познати носителите. Официјално е само името на Ковачевски за првата изборна единица. За втората изборна единица се планифа потпретседателката Сања Лукаревска. Во тројката носител би бил Оливер Спасовски. Во четворката, како изненадување носител би бил поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Се уште нема конечно име за петта изборна единица, додека за шестката се размислува носителското место да го добие министерката за одбрана Славјана Петровска.
Дел од коносителиге пак треба да припаднат на коалициските партнери.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
