Преглед на вестите од светот
Илјадници Палестинци се собраа околу камиони со хуманитарна помош во Кан Јунис. Жителите во очај се обидуваа да зграпчат торби и кутии со основни намирници. Се пожалија дека помошта што пристигнува во Газа е далеку од доволна. Според проценките, потребни се околу 600 камиони дневно за да се задоволат основните потреби на населението.
„Ни даваат помош во мали количини. Точно е дека камионите влегуваат, но тоа не е доволно, навистина не е доволно, луѓето се гладни. Јас, еве веќе две и пол недели, се колнам, немам излезено со ниту една кеса одовде... Што ми вреди ако камионот ми помине пред нога? Ги повикувам да ја обезбедат помошта“ – изјава на палестинец.
Бројката на починати од глад се зголеми за уште пет лица и сега изнесува 180, вклучувајќи 93 деца.
Русија ја нападна железничката раскрсница Лозова во Харкивската област со 34 дронови Шахед.
По увидот на штетата на главната зграда на железничката станица, гувернерот Синехубов изјави дека во нападот загинале две лица, а девет се повредени.
„34 Шахед-дронови го нападнаа градот Лозова. Главната зграда на железничката станица и депото беа погодени. Девет лица беа повредени, еден маж почина на лице место, а една жена почина во болница поради повредите“ - кажа Олех Сињехубов, Гувернер на Харкивскиот регион.
Според претходни информации од властите, две деца се ранети во нападот, кој оставил делови од регионот без струја и вода.
Украинските железници соопштија дека еден нивен вработен загинал, а четворица се повредени.
Масовни протести се одржаа на пристаништето во Бејрут, на петгодишнината од катастрофалната експлозија.
Илјадници Либанци, заедно со владини претставници, носеа фотографии од жртвите и транспаренти за да им оддадат почит на жртвите и да побараат вистина и одговорност.
Во 2020 година, огромна експлозија го потресе пристаништето во Бејрут, кога речиси 3.000 тони неправилно складиран амониум нитрат детонираа во магацин. Во експлозијата загинаа над 200 луѓе, повеќе од 6.500 беа повредени, а околу 300.000 останаа без дом. Досега, никој не одговараше за експлозијата.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар