Македонија
5. August 2025 - 16:34

Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир

Поранешниот министер за здравство Беким Сали ќе го замени Изет Меџити, доколку ја добие довербата на чаирчани за градоначалник, потврди самиот Меџити. Ваквата одлука веќе добила зелено светло во коалицијата.

„Ако станам градоначалник на општина Чаир, тогаш поранешниот министер, Беким сали, ќе ја преземе функцијата прв вицепремиер. Во рамките на коалицијата вреди се согласивме дека сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста“

Беким Сали во разговор за Сител потврдува дека постои договор, но не сака да коментира пред локалните избори. Но вели Вреди со ова покажува кохезија во своите редови, дека се еинствени во одлуките, а тоа е доказ за демократските вредности.

До локалните избори и Меџити и Лимани кои досега потврдија и официјално дека влегуваат во трката за локалната власт во Чаир и Кичево, остануваат на министерските функции, потврди веќе премиерот.

Албанската опозиција на чело со Ахмети на мака да ги задржи сите коалициони партнери во Европскиот Фронт. По информациите дека Турската демократска партија ставила крај на соработката со Ахмети, претседателот Зулфиќар Зејнулах за Сител вели конечна одлука не е донесена но сите опции се на маса.

-Коалицијата со Европскиот фронт и понатаму трае. Но, поради одредени шпекулации што се појавија во јавноста, сакаме да истакнеме дека како Демократска Партија на Турците (ТДП), се уште сме во тек во преговори со различни политички субјекти и со актуелниот коалициски партнер. Засега партијата се уште нема донесено конечна одлука, Коалицијата се уште трае.

Неизвесно е дали и пратеникот на Турците, Бејџан Илјаз ќе ја напушти пратеничката група на Фронтот. Вели ќе го штител интересот на партијата и одлуката што ќе биде донесена во четврток на партиското собрание.