-->
-->
Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол
-->
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа од 22 часот до 3 часот спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 176 возачи.
Од МВР информираат дека тие возачи веднаш се исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции.
- Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
-

Ѓорѓиевски: Целосно нормализирање на процесите со Комунална хигиена на пролет
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
