ЕСМ ќе ѝ продава поскапа струја на ЕВН за околу 5%
ЕВН ќе купува поскапа струја за 3 евра по мегават од државната ЕСМ. Нивната понуда од 65 евра за мегават час била единствена на тендерот.
„Оваа цена е повисока за 4,84% од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас“, велат од ЕВН Хоум.
Сега за првпат набавката не е за шест месеци, туку за цела година. Количината од електрани е за 100% покривање на потребите на домаќинствата и малите фирми.
Токму од нивната цена најмногу зависи колкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните по Нова година.
Во наредниот период, ЕВН ќе ја направи математиката според формула и ќе ја пресмета новата цена на струјата. Потоа треба да добие зелено светло од регулаторите.
Деновиве Регулаторната комисија треба да донесе нова цена за пренос и дистрибуција. Очекувањата се дека во оваа ставка ќе нема промени. Дополнително, ќе се носи и нова цена за парното која ќе важи од први декември.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
