Македонија
27. November 2025 - 12:26

Moзаичната мапа пред охриѓани

Мозаичната мапа на градот Охрид и Лихнид која уметникот Нукола Упевче ја работи повеќе од 10-15 години конечно ке биде завршена и достапна за јавноста. Мозаикот ги претставува сите постојни патеки и патишта, со скали што водат низ карактеристичните архитектонски структури помеѓу денешните куќи, во кои се зачувани многу остатоци од археолошки локалитети.

Мапата е еден вид карта на закопаното богатство и се однесува на значајните археолошки наоди од јадрото на стариот град.

Упевче вели дека се што се работи со љубов се препознава не само кај нас туку и надвор од нашата земја но секако потребна е и помош од страна на државата.

Упевче кој има работено на конзервација и реставрација на бројни значајни мозаици во Охрид, вели дека градот има огромен потенцијал, бидејќи во него се крие културно-историско и природно богатство, кое треба соодветно да се заштити и да се презентира пред стручната јавност и пред туристите.