Сали: Посакувам да кажам дека од утре сме без маски, ќе бидам запаметен по таа изјава
Министерот за здравство Беким Сали на денешниот настан на Клиниката за ортопедија истакна дека посакува да биде првиот кој ќе најави дека од утре сме без маски и дека сигурно ќе биде запаметен по таа изјава.
– Верувајте дека јас посакувам повеќе од вас да бидам првиот кој ќе најави дека од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, меѓутоа состојбата не е се уште толку позитивна да ние можеме да кажеме „од денес сме слободни“, рече Сали.
Одговарајќи на новинарски прашања потенцира дека секоја клиника, секој одел го организира денот за работа врз основа на состојбата која ја добива како заклучоци од Комисијата за заразни болести во која има претставници од секое ниво на сите здравствени установи за да можеме тие информации и одлуки да ги пренесеме во нашите институции.
– Посакувам да бидеме во сигурна зелена зона за да бидеме слободни, па да отвораме повеќе термини за редовни контроли, интервенции итн. Ја најавувам фазата постковид за која ќе ни требаат други различни здравствени политики. Ковидот е еден голем предизвик, но имаме уште 30-тина други дијагнози кои се на работ на епидемии или евентуално пандемии и ќе треба да се справуваме. Оваа донација е во рамки на тоа, да бидеме спремни за периодот постковид, да се соочиме со сите барања на нашите граѓани, додаде министерот Сали.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти