-->
-->
Салах нема да го напушти Ливерпул
-->
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп se огласи по повод информациите дека Мохамед Салах добил неверојатна понуда од Ал-Итихад. Менаџерот на Ливерпул рече дека нема ни најмала шанса Мохамед Салах да го напушти „Енфилд“.
Медиумите со денови пишуваат за понудата на од Саудиска Арабија. Ал-Итихад би платил 100 милиони евра за оштетата, а Салах за ти години би добил 240 милиони евра.
„Не сме добиле никаква понуда. Мо Салах е играч на Ливерпул, тој е клучен за нашата игра. Доколку има понуда, нашиот одговор ќе биде „не”. Мо е 100 отсто посветен на Ливерпул и за нас таа тема е затворена”. изјави Клоп.
Се очекува Мохамед Салах да го предводи тимот на Клоп на неделното дерби со Њукасл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри