Русија тестира дрон што развива брзина до 800 километри на час

Во Русија е тестиран дрон што лета со брзина до 800 километри на час, соопшти извор од руската воена индустрија, а пренесоа руските медиуми.
- Во тек е тестирање на дрон што може да изведува како шпионски, така и ударни задачи. Неговата брзина изнесува до 800 километри на час. Тестирањето се ближи кон својот крај, наведе неименуваниот извор.
„Овој летачки апарат може да носи 250 килограми“, додаде изворот.
На крајот од колегиумот на воениот ресор што се одржа вчера, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека искуството од изведувањето на борбените задачи во Сирија покажало дека дроновите се незаменливи во текот на борбените акции.
-Ако во 2011 година во руските Вооружени сили имаше само 180 вакви системи, сега имаме 1.729 современи борбени летала, наведе Шојгу.
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
