Русија побара од МААЕ појаснување за извештајот за нуклеарната електрана Запорожје
Москва побара „појаснување“ од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за нејзиниот извештај за ситуацијата во украинската нуклеарна централа во Запорожје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Потребно е да се добијат дополнителни појаснувања, бидејќи извештајот содржи голем број прашалници…Овие појаснувања ги побаравме од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави Лавров за руската новинска агенција Интерфакс, пренесува Бета. Руската мисија во ОН вчера го изрази своето жалење што МААЕ не ги назначи силите на Киев како оние што ја бомбардираа електраната во Запорожје.
Нуклеарната централа, најголемата во Европа, е во рацете на руските сили кои започнаа инвазија на Украина на 24 февруари. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на околината на комплексот на електраната и за загрозување на таа локација.
Ново на Сител
-
Теренски активности за изборите на помалите политички партии
-
Бројот на лица со симптоми од сендвичи се искачи на 17, кај дел е изолирана салмонела
-
Мицкоски: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
-
СУТКОЗ утре ќе го блокира цело Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица