Преглед на вестите од светот
Хамас соопшти дека ќе го разгледа мировниот план на Доналд Трамп за Појасот Газа интерно и со другите палсетински фракции пред да го даде својот одговор. Медиајторите Катар и Египет го споделија документот со Хамас доцна синока, отккао Нетењаху застана со ТРамп во Белата кука и вети поддршка за предлогот од 20 точки. Ако Хамас го прифати предлогот, групата ке мора да ги ослобооди сите заложниците во рок од 72 часа, да се разоружа и ќе нема никаква улога во идната власт . Израел ке треба да ослободи 1950 палестински затвореници и ќе дозволи непречен проток на хуманитирна помош за Газа. Со планот се предлага и итен крај на воените операции ако двете страни го прифатат и формирање меѓународно тело наречено „Одбор за мир“, со кој би претседавал самиот Трамп, а во него би бил вклучен и поранешниот британски премиер Тони Блер. Ова тело би ја надгледувало привремената власт во Газа сè додека реформираната Палестинска управа не биде во можност да ја преземе контролата .Повлекувањето на Израелските сили од енкалвата пак ќе биде поврзано со разоружувањето на Хамас .
„Го поддржувам вашиот план за завршување на војната во Газа, со што се постигнуваат нашите воени цели. Ќе ги врати во Израел сите наши заложници, ќе ги демонтира воените капацитети на Хамас, ќе го прекине неговото политичко владеење и ќе обезбеди Газа никогаш повеќе да не претставува закана за Израел. Газа ќе има мирна цивилна администрација што не ја води ниту Хамас ниту Палестинската власт.
Американскиот претседател го предупред Хамас дека ако го отфли она што го понудил , Израел ќе има целосна американска поддршка да преземе каква било акција што ја смета за неопходна. Сепак, предлогот на Трамп ја остава вратата отворена за создавање палестинска држава. Член 19 од планот гласи: „Додека напредува обновата на Газа и кога програмата за реформи на Палестинската власт (ПА) ќе се спроведува верно, конечно може да се создадат услови за кредибилен пат кон палестинско самоопределување и државност, што го признаваме како аспирација на палестинскиот народ. Планот на Трамп беше поздравен од клучните арапски и муслимански земји. Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Турција, Индонезија и Пакистан издадоа заедничка изјава во која ги поздравија напорите на Трамп и ветија ангажман за негова имплементација. Овие земји, исто така, се обврзаа да помогнат во демилитаризацијата на Газа. Палестинската управа, исто така, ги поздрави напорите и повика на сеопфатен договор што ќе води кон решение со две држави. Иницијативата доби поддршка и од Европската Унија и од ОН.
Кремљ упати остро предупредување до САД дека дозвола за користење на американски крстосувачки ракети „Томахавк“ против цели во Русија би значела „директно американско учество во војната“. Реакцијата дојде откако медиумите објавија дека администрацијата на Доналд Трамп разгледува украинско барање за испорака на овие ракети со дострел од 2.500 километри – доволни да ја погодат Москва. Претходно Зеленски изјави дека токму ова оружје може да ја примора Русија на прекин на војната
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар