Русија бара опстојување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел
Русија инсистира на опстојување на Договорот за нуклеарните сили со среден дострел, но сака Вашингтон да покаже поодговорен пристап кон него, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
- Ние сме за опстојување на Договорот, но за тоа ќе биде потребен поодговорен пристап на САД, истакна Рјабков за московскиот весник „Комерсант“.
Според заменик шефот на руската дипломатије, на евентуални чекори на САД кон раскинување на Договорот, Русија „ќе одговори веднаш и со иста мерка“.
Рјабков најави дека е можно наскоро да се одржи состанок на специјалната комисија за контрола на спроведувањето на Договорот.
Како што пренесува МИА, Договорот за нуклеарните сили со среден дострел е склучен на 1 јуни 1988 меѓу САД и поранешниот Советски Сојуз, чиј правен наследник е Русија.
Ново на Сител
-
Ветувања на кандидатите за градоначалник на Скопје пред крајот на изборната кампања
-
Изборни ветувања на кандидатите за градоначалници и советници
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го испита однесувањето на Дехари, ВРЕДИ го повика да се повлече од изборна трка
-
Камен-темелник на нова индустриска зoна во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
На 19 ноември судењето за пожарот во Кочани, родители на загинатите очекуваат фер процес и одговорност
-
Уште два дена кампања, утре на полноќ почнува предизборниот молк
-
Шукова најавува развивање на градот северно од реката Вардар, изградба на булевари и враќање на пешачките зони