ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го испита однесувањето на Дехари, ВРЕДИ го повика да се повлече од изборна трка
Не запираат партиските реакции по аудио снимката на која наводно се слуша како градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари во општинската зграда сексуално вознемирува вработена во неговиот кабинет.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна реакција на сите надлежни институции, јавните обвинители да проверат дали ова било вообичаено однесување на Дехари, а Народниот правобранител и граѓанските организации да застанат во заштита на правата на жените.
- Овде нема простор за молк, ова е чин за осуда и санкционирање. Секој кој ја злоупотребува својата функција за навредување и вознемирување на своите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните, вели Марија Митева, ВМРО-ДПМНЕ
Од ВРЕДИ бараат Дехари да се повлече од изборната трка како минимум морален чин, откако вчера ДУИ застана во одбрана на својот партиски член со тврдење дека снимката е фабрикувана пропаганда и очекуваат надлежни иституции да ја утрдат автентичноста на аудио-материјалот
Обидите ова да се прикаже како „уценa“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник, велат од ВРЕДИ
Дехари и на овие избори е кандидат за нов мандат на Кичево на Националната алијанса за интрегација предводена од ДУИ.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар