Македонија
16. October 2025 - 16:43

Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела

Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња по општини потребни за првиот круг од локалните избори в недела. Се работи за обемен изборен за 80 општини и градот Скопје.

Материјалот е доверлив, па доставата се прави со обезбедување од полицијата.

„Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје“, посочи Кондарко.

Од сите овие ливчиња најдолго гласачко ливче ќе добијат битолчани. Таму изборниот материјал за градоначалник ќе биде долг половина метар.

„Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри“.

Дополнително, испечатени се над 250 илјади страници избирачки списоци од кои ќе се врши проверка на гласачите и околу 9.000 засписници во кои ќе се внесуваат резултатите од гласањето в недела.