Македонија
16. October 2025 - 16:35

Изборни ветувања на кандидатите за градоначалници и советници

На два дена до изборен молк, кандидатите се осврнуваа на меѓусебни обвинувања и повик до граѓаните да им дадат масовна поддршка на претстојните избори. За модерна и урбана средина довербата од гласачите ја побара кандидатот за о. Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

Борба против бетонизацијата во Центар и враќање на зелената боја и рамнотежа во општината најавува кандидатот од ЗНАМ.

Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите најавува кандидатот за втор мандат во О. Центар.

Ниту еден проект не е реализиран во Лисиче, вели кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ. 

Две нови современи градинки во Чаир, со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование вети кандидатот од ДУИ.

Од тетовчани поддршката повторно за втор мандат на Касами ја побара носителот на советничката листа од Вреди. 

Поддршка од гласачите во Струмица побара и носителката на советничката листа од Левица. 

Помош за набавка на лекови за постари лица во Карпош ветува носителот на листа за советници на Коалицијата за зелена иднина. 

Со овие пораки кандидатите ја привршуваат кампањата пред оддржување на првиот круг од локалните избори.