Ристовски: И годинава субвенции за научни трудови со импакт фактор
Министерството за образование и наука и годинава продолжува со доделување на еднократна парична субвенција во висина од 30.000 денари за сите научници и истражувачи од високообразовниот систем во Македонија кои ќе аплицираат со труд во соодветно списание со фактор на влијание, информира заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски.
Ристовски денеска присуствуваше на тренинг на стратегот на РК „Вардар“ Раул Гонзалес со учениците од ракометната паралелка на Спортската академија во фискултурната сала при ДУФК „М.М. Брицо“ во Скопје.
- Огласот трае до 31 август. Апелирам сите заинтересирани професори и лица што се бават со научно истражувачка дејност и кои имаат вакви трудови да аплицираат до министерството, рече Ристовски.
Посочи дека годинава е планирано да бидат поддржани околу 300 лица со право на научна субвенција и дека досега има приближно 200 апликации.
Досега од Министерството се доделени повеќе од 800 вакви субвениции за поддршка за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни списанија со фактор на влијание, во различни области како природно-математичка, медицинска, хуманистичка, техничко-технолошка, биотехничка и општествена област.
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор