Постои можност 350 бебиња во САД да се заразени од туберкулоза
Постои можност околу 350 новороденчиња да се заразени од туберкулоза во една болница во Калифорнија, бидејќи е откриено дека еден вработен во здравствената установа боледувал од оваа болест.
Како што соопшти болницата „Санта Клара“ во Сан Хозе, кон средината на минатиот месец се појавил сомнеж дека еден од нејзините вработени има туберкулоза.
Вработениот, кој работел на одделот за неонатологија, моментно е на отсуство.
- Додека ризикот од заразување е мал, последиците од инфекција од туберкулоза кај доенчињата можат да бидат сериозни. Поради тоа одлучивме да спроведеме детални испитувања и да започнеме превентивно лекување на бебињата колку е можно побрзо, изјави началникот на педијатрија, Стефан Харис.
Според податоците на Центарот за контрола и превенција од болести, во САД минатата година биле регистрирани 9.421 случаи на туберкулоза.
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина